САД се вратија на воените маневри што ги организира Тајланд
На воените маневри „Златна кобра“, што Тајланд ги организира над три децении како своевидна противтежа на растечкото политичко и воено влаијание на Русија и Кина во Азија, повторно учествува и армијата на САД.
Пентагон го суспендира учеството на најглемата воена вежба во азиско-пацифичкиот регион пред две години, како мерка со која Вашингтон го изрази незадоволството од воениот удар во Тајланд од мај 2014 година.
По прогласувањето на „лимитираното ембарго“ на политичаката и воената соработка со Бангкок од страна на ЕУ, Австралија и САД, воената хунта во Тајланд почна поотворено и поинтензивно на овој план да соработува со Кина и Русија.
Тоа и најавите дека хунтата не се откажува од оддржувањето избори, според аналитичарите, е повод годинава САД да го „омекнат“ ставот и да се вратат како учесник во големата воена вежба.
Армијата на САД на маневрите „Златна кобра“ ќе учествува со 3.600 војници, значително помалку од годините пред воениот удар.
Американскиот амбасадор во Тајланд Глин Дејвис денеска изјави дека намалениот број американски војници на годинешниве маневри треба да ја покаже загриженоста на САД за политичките случувања во Тајланд.
Ново на Сител
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар
-
Просечната нето плата во март 40 496 денари
-
Милевски го објави списокот за натпреварите против Хрватска и Чешка
-
Спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните
-
Кина најави санкции за американски одбранбени компании
-
Променливо и нестабилно време и во наредните денови