САД се најголемиот производител на пластичен отпад
– СAД се држава која најмногу придонесува за загадувањето со пластика во светот, покажува новиот извештај, со кој се повикува на развој на национална стратегија за да се стави крај на тоа.
Земјата создала околу 42 милиони тони пластичен отпад во 2016 година, што е двојно повеќе од Кина и повеќе од земјите на ЕУ заедно, се наведува во извештајот на Националната академија на науките, инженерството и медицината.
Во просек, секој Американец создава 130 килограми пластичен отпад годишно, а потоа следува Велика Британија со 98 килограми. Во Франција, просекот е 43 килограми.
– Успехот на чудесниот изум на пластика во 20. век, исто така, создаде глобална поплава од пластичен отпад, каде и да погледнеме, пишува Маргарет Спринг, претседателка на Комитетот на експерти која го напиша извештајот по барање од Конгресот на САД.
Таа го нарече проблемот „еколошка и социјална криза“.
Најмалку 8,8 милиони тони пластичен отпад завршува во океаните секоја година низ светот, се објаснува во извештајот. Целата пластика, вклучително и онаа фрлена на копно, има потенцијал да заврши во океаните.
Со сегашното темпо, количеството на пластика фрлена во океаните може да достигне 53 милиони тони годишно до 2030 година, што е половина од вкупната тежина на рибите уловени во океаните секоја година. Производството на пластика доживеа експанзија во 80-те години на минатиот век, но не и рециклирањето, се вели во извештајот.
Се препорачува развој на национална стратегија во САД до крајот на 2022 година, која ќе даде детали за повеќе насоки кои би можеле да го решат проблемот.
– Тоа е најсеопфатниот извештај за загадувањето со пластика досега објавен, рече Џудит Енк, претседател на Beyond Plastics.
Ново на Сител
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава