САД распишаа потерница по претседателот на Врховниот суд на Венецуела
Американскиот Стејт департмент објави награда од пет милиони долари за информација што ќе доведе до апсење на претседателот на Врховниот суд на Венецуела, Маикел Хосе Морено Перес по низа од истраги водени од неколку американски државни агенции.
Државниот секретар Мајк Помпео изјави дека в март годинава Перес (54) бил обвинет од јужниот дистрикт на Флорида за перење пари и примање поткуп во замена за вршење правни дела… во повеќе од 20 судски процеси, и за незаконско регулирање на различни граѓански и криминали парници во Венецуела.
На сајтот на американската имиграциска и царинска служба се соопштува дека постојат документации за корупција вршена од страна на претседателот на Врховниот суд на Венецуела. Така на пример, Перес одобрил конфискација и продажба на фабрика за автомобили во Венецуела на компанијата General Motors чија проценета вредност била 100 милиони долари во замена за процент од продажбата.
САД наметнаа санкции против Перез и неговата сопруга, на двајцата влезот во САД им е забранет на неограничено време.
Потерницата е во рамките на Програмата за награди за меѓународен организиран криминал.
-Заедно со Програмата за награди за трговија со наркотици, од 1986 година кога овие програми беа воведени, досега пред лицето на правдата се донесенеи повеќе од 75 меѓународни криминалци, се вели во изјавата на Помпео.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот