САД: Претставничкиот дом на Конгресот и натаму без претседател
Републиканците во четвртокот и натаму сѐ уште не избраа претседател на Претставничкиот дом, долниот дом на американскиот парламент Конгресот, поради отпорот на пратениците од конзервативното десно крило на партијата, приврзаници на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Фаворитот за наследник на демократката Ненси Пелоси, републиканецот Кевин Меккартни, им подаде рака на помирување на дваесеттината трампистички пратеници кои ја предизвикаа блокадата, понудувајќи им значајни отстапки, но и тоа беше попусто.
Тие и натаму не сакаат да попуштат, а веќе се одржаа осум кругови на гласање, што не се случило во последните сто години. Изборот на претседател на Претставничкиот дом вообичаено е само прашање на часови, но и да се протегне на повеќе седмици, како во 1856 година кога пратениците постигнале договор дури по два месеца и 133 круга на гласање.
Блокадата има и конкретни последици: без претседател на Претставничкиот дом, пратениците не можат да ги дадат свечените обврски и според тоа ниту да започнат со работа.
„Се надевам дека републиканците денеска ќе престанат да се караат, клеветат и забиваат ножеви в грб за да можеме да работиме во служба на американскиот народ“, изјави водачот на демократите Хаким Џефрис.
Припадниците на најконзервативното крило на Републиканската партија немаат доверба во Меккартни и го користат тесното мнозинство коешто републиканците го имаат во Претставничкиот дом за да бидат исполнети нивните услови.
„Решителни сме од темели да ја промениме оваа институција којашто застрани“, порача пратеникот од сојузната држава Северна Каролина, Ден Бишоп.
За избор на претседателот на Претставничкиот дом, третата најважна личност во американската политика по претседателот и потпретседателот на САД, потребно е мнозинство од 218 гласови. Кевин Меккарти засега има обезбедено 201 глас, а трампистичките пратеници имаат 19 гласови.
Маккартни, пратеник од сојузната држава Калифорнија, меѓутоа, нема соодветен противкандидат. Како можна алтернатива се споменува само водачот на републиканското мнозинство во Претставничкиот дом, Стивен Скелиз, но тој нема сериозни шанси.
Ново на Сител
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Интензивно се работи на автопатот Прилеп - Битола, Бехтел и Енка бараат уште околу 400 работници
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир
-
Убиениот кај Батинци е припадник на АРМ - имал прострелни рани во градниот кош
-
Се одложи судењето за „Онкологија“, обвинета имала стомачен вирус
-
Жељазков бара извинување од Мицкоски, заострена реторика на односите Скопје - Софија
-
Висок ризик од пожари
-
Платите на административците во независните институции ќе се изедначат со останатите плати во јавниот сектор