САД ќе почнат да доставуваат лекови со дронови
Градот Бентонвил ќе започне пилот проект за снабдување со лекови и медински помагала со користење беспилотни летала. Станува збор за заеднички проект на компаниите „Волмарт“ и „Зиплајн“, објави веб-страницата „The Verge“.
Претходно оваа година „Зиплајн“ соопшти дека соработува со болница во Северна Каролина за бесконтактно снабдување со медицински материјали и опрема за лична заштита. Првиот национален систем за испорака со беспилотни летала на „Зиплајн“ започна во 2016 година, кога требаше да биде доставена крвна плазма на пациентите во оддалечените области на Руанда.
Специјалните беспилотни летала можат да доставуваат лекови за помалку од еден час по нарачката, а системот ќе работи во радиус од 80 километри од продавницата.
Според компанијата „Зиплајн“, овој проект ќе биде важен чекор кон употребата на беспилотни летала за трговците во САД. Партнерството со „Волмарт“, со седиште во Бентонвил, е првиот чекор кон потенцијалните операции на национално ниво во САД. Пробниот период на овој систем ќе започне на почетокот на следната година.
Ново на Сител
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
-

Гром предизвика огнена драма над Штип, за среќа пожарот е изгаснат
-

Ѓорѓиевски: Утврден е сериозен недостаток на пожарникари во целата држава
-

Законите што ќе овозможат изградба на дата центри без дебата го поминаа првиот собраниски филтер
