САД ќе испратат противвоздушна одбрана во Украина во вредност од 275 милиони долари
Според документот, се очекува Пентагон да вклучи проектили за системот HIMARS од Локхид Мартин, муниција од 155 милиметри, воени возила Хамви и генератори.
САД се подготвуваат да испратат воена помош од 275 милиони долари за Украина, што ќе и помогне да се брани од беспилотни летала и да ја зајакне својата противвоздушна одбрана, се вели во документот во кој имале увид дел од западните медиуми, пренесува Франс24.
Информацијата за доделување помошт би можела да биде објавена уште денеска, но деталите за опремата за противдрон и противвоздушна одбрана сè уште не се познати.
Според документот, се очекува Пентагон да вклучи проектили за системот HIMARS од Локхид Мартин, муниција од 155 милиметри, воени возила Хамви и генератори.
Портпаролот на Советот за национална безбедност одби да го коментира пакетот помош. Обемот и вредноста на пакетот помош може да се менуваат додека не биде потпишан од претседателот на државата Џо Бајден.
Сумата од 275 милиони долари ќе биде покриена од претседателските овластувања што им дозволуваат на САД да ја префрлат одбранбената опрема од залихите без одобрение од Конгресот во итен случај.
Претставничкиот дом на САД вчера изгласа да обезбеди најмалку 800 милиони долари дополнителна воена помош за Украина во текот на следната година.
Ново на Сител
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
-

На Клинички ќе има четири вида на плаќање, а цените ќе ги одредува советот на Град Скопје
-

ССМ на блокада пред Стопанската комора
