САД ќе го почитуваат резултатот од референдумот во Грција

Американската администрација ќе го почитугва резултатот од референдумот во Грција и коментирот за тоа што се случи во оваа балканска земја ќе го каже кога ќе смета дека е потребно, соопшти грчкиот весник „риалњуз“ од Вашингтон, повикувајќи се на портпарол на Белата куќа.
-Ја почитуваме демократската процедура што се одржа во Грција и одблиску ја следиме ситуацијата, изјавил портпаролот, кој се воздржал во детали да го коментира резултатот од грчкиот референдум и за таква оценка ги упатил во американското Министерство за финансии.
Портпаролот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), исто така, се воздржа од коментар.
Весникот потсетува дека извршниот директор на Фондот, Кристин Лагард, минатата недела јасно кажа дека ќе почека реториката на грчката страна да се промени по референдумот и таа да ги преземе неопходните чекори.
Ден пред оваа изјава на Лагард, Грција одби да ја плати ратата од 1,6 милијарди евра кон ММФ, со што се претвори во првата развиена земја со најголеми обврски кон Фондот во неговата 70-годишна историја.
Неделава Лагард се очекува да го свика Извршниот одбор на ММФ на специјално заседание, на кое треба да се разгледа молбата на Грција за продолжување за четири месеца на рокот за плаќање на нејзните обврски кон Фондот.
Ново на Сител
-

Приведени 13 лица во акцијата „Филтер“
-

СДСМ: Мицкоски нема официјални средби во Њујрок
-

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја продлабочува соработката со САД
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Бизнисот чека крај на кризата на Блискиот Исток
-

Педесет проценти од пиперките скапаа по нивите, сега цената се покачи, земјоделците очекуваат да остане така
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Преглед на вестите од светот
