Свет
27. October 2017 - 18:32

САД: Каталонија е дел од Шпанија, ги поддржуваме уставните мерки на владата

Американскиот Стејт департмент ги поддржува напорите на Шпанија да го спречат осамостојувањето на Каталонија.

Според официјален Вашингтон, Каталонија е интегрален дел на земјата која има поддршка од САД да остане единствена.

- Каталонија е интегрален дел на Шпанија. САД ја поддржува Владата на таа држава во уставните мерки да ја одржат државата силна и единствена, изјави портпаролката на Стејт департментот, Хедер Науерт.