САД ја укина регулативата за неутралност на интернет

Американската Федерална комисија за комуникации синоќа укина правила за „неутралност на интернет“ воведени пред две години за време на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама. Со нив се гарантираше еднаков пристап на интернет.
Наместо тоа, прифатена е политика што ќе намали регулативи на поголеми интернет провајдери и ќе им се дадат пошироки овластувања да одлучат со кои содржини на интернет корисниците ќе може да имаат пристап.
Комисијата гласаше со 3-2 за план што го поддржува претседателот на комисијата Ајит Паи, кој е поставен на таа позиција од претседателот Доналд Трамп.
Паи се залагал за „лесна рака“ во регулативата на големите телекомуникациски компании и прекин на праксата што се претставуваше како владин „микроменаџмент на интернетот“.
Укинувањето на правилата за неутралност на интернет предизвика стотици јавни протести и повеќе од милион повици до членови на Конгресот во кои граѓаните изразуваа противење за планот на Паи.
Според американски медиуми, голем број групи најавиле оспорување пред судовите на таа одлука.
Ново на Сител
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
-

Голем интерес за викенд куќи под Беласица, Ново Село од 13 парцели инкасираше 5,7 милиони денари
-

Наскоро се очекува да профункционира домот за стари лица во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
