САД извршија нови напади врз Иран, Вашингтон остава отворена можност за дијалог со Техеран

САД извршија нов бран воздушни напади врз цели во Иран, додека Вашингтон порача дека е подготвен за дијалог и преговори со Техеран, но и дека ќе преземе мерки за заштита на своите интереси и интересите на сојузниците.
Централната команда на вооружените сили на САД (СЕНТКОМ) соопшти дека операцијата против Иран завршила во 00:15 часот по Гринич, односно во 03:15 часот по локално време. Според соопштението, во текот на ноќта биле погодени воени оперативни центри, ирански поморски капацитети, хангари за авиони, складишта за беспилотни летала и воена логистичка инфраструктура.
„Ударите имаат цел дополнително да ја поткопаат способноста на Иран да го загрозува трговскиот поморски сообраќај во Ормуската Теснина“, соопшти СЕНТКОМ преку платформата „Икс“.
Американската команда тврди дека Иран нападнал повеќе од 30 трговски бродови кои минувале низ овој стратешки поморски коридор, оценувајќи дека со тоа биле загрозени стотици морнари и била нарушена слободата на пловидбата.
Во меѓувреме, за првпат од почетокот на последната ескалација на конфликтот, во Техеран биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Екипи на германската агенција ДПА од местото на настанот известуваат за експлозии во североисточниот дел на иранската престолнина.
Иранските државни медиуми објавија дека над Техеран, град со околу 15 милиони жители, се слушнале истрели и дејствување на противвоздушната одбрана. Експлозии биле пријавени и во Бушер, каде се наоѓа единствената активна нуклеарна централа во земјата, како и во областа на градот Сирик и делови од северозападен Иран.
Според ДПА, случувањата во текот на ноќта може да укажуваат дека конфликтот влегува во нова фаза. Претходните напади врз Техеран се случија на почетокот на јуни, кога израелските сили извршија удари врз цели во градот по ирански ракетни напади.
Во меѓувреме, американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека Вашингтон има отворен пристап кон конфликтот и е подготвен за разговори со Иран, но оцени дека Техеран не пристапува сериозно кон преговорите.
Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека разговарал со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кому му изразил загриженост за „нестабилноста“ што се гледа во Турциј
„Ако тие се сериозни, и ние сме сериозни. Ако не се, тогаш ќе го направиме она што е потребно за да ги заштитиме нашите интереси, како и интересите на нашите сојузници“, изјави Рубио на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на АСЕАН во Манила.
Министрите од АСЕАН изразија сериозна загриженост поради обновувањето на воените дејствија во регионот.
Рубио предупреди дека евентуалната контрола на Ормуската Теснина од страна на Иран би создала опасен преседан со последици што би ги надминале границите на Блискиот Исток.
„Ако создадеме преседан во кој една земја може самостојно да контролира меѓународен поморски пат, да наплаќа такса и да ги напаѓа бродовите ако не платат, тоа ќе биде многу опасен преседан што може да се повтори и во други делови од светот, вклучително и во Југоисточна Азија“, изјави Рубио.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп ги предупреди Кина и Русија да не се мешаат во војната во Иран
-

Маск: Вештачката интелигенција за пет години ќе ја надмине човечката
-

Клековски на средба со претставници на матични лекари и на „Мој Темин“: Заедно за побрзи и поефикасни термини
-

Трамп и Зеленски ќе се сретнат во вторник во Вашингтон
-

АХВ: Ја разбираме загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрламе тврдењата дека не реагираме навремено во однос на сипаниците кај малите преживари
-

На Пелистер падна снег
-

Ѓорѓиевски: За брзo врeмe ќe бидe oткриeн причинителoт за влевање на непознатата материја oд Лeпeнeц вo Вардaр
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
