-->
-->
САД испраќа огромна количина муниција во Германија
-->
Повеќе од 5000 тони муниција се на пат кон магацините на армијата на САД во Германија откако Вашингтон ги зголеми воените активности во Европа, јавии дописникот на МИА од Берлин.
- Фактот што ова е најголема поединечна пратка муниција во последниве 10 години ја покажува нашата определба да ги браниме нашите НАТО сојузници, изјави полковникот Метју Ридинг за воениот весник „Stars and Stripes“ (Ѕвезди и линии) според кого пратката треба да ја зацврсти Алијансата.
Според весникот за транспорт на муницијата биле потребни 415 бродски контејнери, а таа ќе биде сместена во близина на градчето Мису во покраината Рајна Палатинат каде што е најголемиот магацин за оружје на американската армија надвор од територијата на САД.
Во моментов во Германија има 36.691 војници на САД од сите три родови на армијата, пешадија, морнарица и воздухополовството.
Политиката на постепено повлекување на американската армија од Европа доживеа промена откако Русија минатата година се вмеша во Украинската криза по што САД започна повторно да ги зајакнува своите бази во Германија отворени по втората светска војна.
МИнатата година САД во германските бази го врати и авионот 12А-10 „уништувач на тенкови“ а НАТО беше ангажиран во голем број на воени вежби на Балтикот и во Источна Европа од почетокот на 2014 година во обида да и покаже на Москва дека нема намера да се повлече пред руските закани кон сојузниците на САД и безбедноста на регионот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдена експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар