САД: Иран претставува ескалирачка закана
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска ги информираше официјалните претставници на НАТО за „ескалирачката закана“ што ја претставува Иран, соопшти претставникот на Стејт департментот, Брајан Хук.
Помпео денеска престојуваше во Брисел на средби со министрите за надворешни работи на Велика Британија, Германија и Франција и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, како и со претставници на НАТО, поради што ја откажа посетата на Москва, што требаше да биде прва етапа од неговиот дводневен престој во Русија. Помпео сепак утре ќе отпатува во Сочи, каде ќе има средби со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и со претседателот на Русија, Владимир Путин.
– Иран претставува ескалирачка закана и по се изгледа оваа посета дојде во вистинско време на неговиот пат кон Сочи, изјави Хук, кој е специјален претставник на САД за Иран.
Хук нагласи дека напоредно со она што го говори јавно, Помпео сакал и „да сподели некои информации“ со своите колеги.
– Веруваме дека Иран треба да се обиде да зборува наместо што се заканува. Тие направија лош избор, бидејќи се фокусираа на заканите, додаде Хук.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци