САД: Ирачките сили целосно ги опколија џихадистите во Мосул

Населбите во западниот дел на Мосул, кои се под контрола на групата Исламска држава (ИД), се целосно опколени од ирачките сили, соопшти денеска специјалниот американски претставник во меѓународната антиџихадистичка коалиција, Брет Мекгарк.
Говорејќи на прес-конференција во Багдад, Мекгарк нагласи дека владините сили презеле контрола и врз последниот пат што го поврзува западниот дел на Мосул со териториите контролирани од ИД
Мекгарк додаде дека во досегашната офанзива на ирачките сили и нивните сојзуници, поддржани на воздушните напади на антиџихадистичката коалиција, ИД загубила 60 проценти од територијата што ја контролираше во Ирак.
Во текот на летото 2014 година бориците на ИД презедоа значитечна територија во западен и северен Ирак, вклучувајќи го и Мосул, кој е втор по големина град во земјата. Во тој период ИД контролираше дури една третина од територијата на Ирак.
Ирачките сили лани во октомври почнаа офанзива за ослободување на Мосул. Во првата фаза од офанзивата до средината на јануари ирачките сили презедоа целосна контрола над источниот дел на градот, Кон средината на февруари, ирачките сили ја преминаа реката Тигар, што го дели Мосул на два дела, и започнаа да напредуваат во западниот дел на градот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
