Свет
11. December 2016 - 19:03

САД и Русија со заеднички предлог за изведување на бунтовниците од Алепо

САД и Русија денеска излегоа со заеднички предлог кој гарантира безбедно изведување од Алепо на бунтовниците, нивните семејства и останатите цивили, соопштија претставници на трите опозициски групи, пренесува БТА.

Бунтовничките групи во Алепо уште не одговориле на понудата.

Предлогот предвидува борците на џихадистичката група, претходно позната како Фронтот ан Нусра, да тргнат кон северозападната провинција Идлиб, а борците од другите опозициски групи да се насочат кон други области, вклучувајќи и кон турската граница, североисточно од Алепо.

Ако биде усвоен, овој план ќе се спроведува за 48 часа под надзор на ОН. Борците ќе можат да си го земат лесното оружје, но да го остават тешкото вооружување.