САД и понудија помош на Турција за екстрадицијата на Ѓулен
САД на Турција и понудиле помош во врска со барањето на Анкара за екстрадиција на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, и кого Анкара го обвинува за обидот за преврат, информира весникот „Хуриет“, повикувајќи се изјава на портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби.
- Вашингтон ја информира турската страна дека може да испрати тим на претставници на Стејт департментот и на Министерството за правда во Анкара, со цел да помогнат во процесот на екстрадиција на Ѓулен, посочил Кирби.
По повод воведувањето вонредна состојба во Турција портпаорлот Кирби изјави дека американската страна има разбирање за цврстиот пристап на турските власти по обидот за преврат.
- Имаше закана против демократски избрана влада. Сметаме дека сите ние го разбираме сериозниот пристап кон еден таков вид закана, рече Кирби.
Според него, продолжува испитувањето на документацијата за барањето на екстрадицијата на Ѓулен, што беше испратена од Турција.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници