Loading Video...
Балкан
5. јуни 2023 - 19:44

САД и ЕУ во нова дипломатска офаназива за смирување на тензиите на сeверот на Косово

САД и ЕУ во нова дипломатска офаназива за смирување на тензиите на сверот на Косово. Претставникот на ЕУ за дијалогот помеѓу Косово и Србија Лајчак и американскиот претставник за Западен Балкан, Ескобар вечерва ќе имаат средба со косовскиот премиер Курти во Приштина а утре во Белград ќе разговаарат со српскиот претседател Вучиќ.

За да се смири ситуацијата, Европската унија и САД бараат од Приштина нови избори во Лепосавик, Зубин поток, Звечан и Северна Митровица, учество на Србите на нив и формирање Заедница на српски општини. Американскиот претставник  за Западен Балкан пред посетата на Србија и Косово, изјави дека ситуацијата на северот на Ксоово е последица на одлуката на Крути да не ги послуша предлозите на меѓународната заедница да ги повлече градоначалнците Албанци од општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток и да ги отстрани специјлните  сили на косовската полиција од зградите. 

Истите барања ги имаат и Косовоските Срби, кои десети ден по ред излегоа на протести. КФОР и денеска е распореден помеѓу демонстрантите и специјалците, за да спречат можни насилства.