САД го вртат погледот кон последната територија на ИД на границата со Турција
ДПА - Хамбург
Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека неговата влада планира да работи заедно со Турција, за протерување на групата Исламска држава (ИД) од последното парче земја што таа го контролира долж сириско-турската граница.
Зоната меѓу градот Џараблус на реката Еуфрат и реонот Азаз на запад, во должина од околу 100 и широчина од 30 километри, е од првостепено значење, како од стратешка гледна точка како место за достап до Турција, а од таму кон Европа, така и од симболича гледна точка.
Градот Дабик се наоѓа во таа територија. Според исламската теологија, градот е едно од можните места каде ќе се се случат конечните битки во Денот на страшниот суд.
Исламска држава, чии борци славеа кога го зазедоа Дабик во 2014 година, дури и го нарече своето списание на англиски јазик според тој град.
Но Турција, клучниот поддржувач на сириските бунтовнички групи кои се борат против претседателот Башар ал Асад, одамна посакува да може да ја контролира ситуацијата на таа територија од попрактична, воена перспектива.
Турција сака да ја протера Исламска држава од таа зона со две главни цели, иако засега не е јасно дали САД ќе ги поддржат тие планови.
Прво, Анкара има за цел да ја спречи Исламска држава да ги загрозува бунтовничките групи и нивната инфраструктура во Азаз, особено на граничниот премин Ал Салам, главната маршрута за доставки од Турција.
Второ, Турција сака да гарантира дека курдските Сили за заштита на народот, нема да ја преминат реката Еуфрат и да преземат контролата над зоната, поврзувајќи ја на тој начин територијата во Кобане, источно од реката, со Африн, мала курдска енклава во западниот дел на Сирија.
Овие цели беа извори на тензиите со САД. Вашингтон стравува од тврдокорните исламистички групи, како Ахрар ал Шам, за чии основачи се смета дека се поврзани со лица од Ал Каеда, а со кои по се изгледа Турција комотно соработува.
Анкара сака тие групи да бидат меѓу новите владетели на 100-километарската граница.
Од друга страна, Силите за заштита на народот се главниот сојузник на САД во Сирија во борбата против Исламска држава. Според Кери, зоната ги претставува псоледните 25 проценти од граничната територија на Исламска држава - останатиот дел веќе премина во рацете на Курдите годинава со помош на воздушните удари на САД.
Анкара всушност не ја признава групата затоа што стравува од распалување на националистичките страсти меѓу нејзиното курдско малцинство, како и од нејзните врски со милитантната Курдска работничка партија (ПКК). Турските војници повеќе пати отвараа оган кон Силите за заштита на народот во последниве недели, предизвикувајќи збунетост.
Исламската држава беше обвинета за големиот двоен самоубиствен напад во турската престолнина Анкара, кога загинаа 102 лица и се смета дека бил планиран во турскиот град Газиантеп.
Полицијата тогаш ги засили операциите против ќелии на Исламска држава. И на крај, Турција која вдоми речиси два милиони сириски бегалци, сака да ја искористи зоната за таму да ги насели раселените Сиријци. Самите бегалци се спротивставија на таа идеја стравувајќи дека ќе бидат ставени во стапица.
Германскиот канцелар Ангела Меркел исто ја одби идејата, потсетувајќи на зоните за безбедност во Босна кои станаа небезбедни. Над 8.000 муслимански мажи и момчиња беа убиени во една таква „безбедна зона“ - Сребреница.
Ново на Сител
-
Најмалку 56 загинати во новите израелски напади низ Газа
-
Вучиќ прогласи победа на „студентите кои сакаат да учат“; Брнабиќ: Протестот на блокадерите заврши со повик за граѓанска војна
-
Јаневска ќе реферира за работата на Министерството за образование и наука во изминатата година
-
Претежно сончево со засилен ветер од северен правец
-
Хамнеи: Исламската нација никогаш нема да им се предаде на САД
-
Добри пари за добар фудбал | Масар Омерагиќ | Неформално | Sitel Podcast 100
-
Стотици илјади луѓе се собраа на 30-годишнината од Парадата на гордоста во Будимпешта и покрај забраната
-
Бројни полициски тимови распоредени низ Белград