САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
САД го поздравија успешниот крај на преговорите меѓу Ерменија и Азербејџан за склучување на историски мировен договор, се вели во изјавата на државниот секретар Марко Рубио, објавена денеска од Стејт департментот.
-Ова е можност за двете земји да свртат нова страница по деценискиот конфликт а во согласност со визијата на претседателот Трамп за помирен свет, се вели во изјавата на Рубио. „Време е да се преземат обврски за постигнување мир, да се потпише и ратификува договорот и да се започне нова ера на просперитет за народите од Јужен Кавказ.“
Министерствата за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан вчера објавија дека е завршен текстот на мировниот договор. Според изјавата на шефот на азербејџанската дипломатија Џејхун Бајрамов, Ереван ги прифатил предлозите на Баку за последните две претходно неусогласени точки од документот.
Според министерот, следниот чекор треба да бидат направени измени во Уставот на Ерменија, бидејќи во сегашната верзија на Основниот закон на земјата се содржани територијални претензии кон Азербејџан. Во Ереван потврдија подготвеност за консултации за местото и времето на потпишување на договорот.
Мировните преговори меѓу Ерменија и Азербејџан започнаа во 2020 година, по воениот конфликт после кој Баку врати под контролат поголем дел Нагорно Карабах.
Ново на Сител
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница
-
Родителите на деца со попреченост бараат законски измени и редовни месечни примања
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче