САД ги предупредија граѓаните од опасност од напади во Истанбул

САД ги предупредија своите државјани од потенцијална опасност од терористички напади или обиди за киднапирање на странци во Истанбул.
Во соопштението на Конзулатот на САД во Истанбул, објавено доцна синоќа, се наведува дека екстремистички групи продолжуваат со своите „агресивни напори“ да ги нападнат Американците и другите странци во тој град.
- Тие напади би можеле да бидат однапред планирани или би можеле да се случат со мало или никакво предупредување, а можни се и вооружени напади, обиди за киднапирање, бомбашки напади и други насилни дела, се посочува во соопштението од Американскиот конзулат во Истанбул.
Конзулатот не прецизира која група би можела да ги изведе таквите дела, но минатата година Истанбул беше мета на бомбашки напади на Исламска држава и на Курдската работничка партија.
Ново на Сител
-

СДСМ ја оспори антимигрантската резолуција на ВМРО-ДПМНЕ пред Уставен - Од ВМРО-ДПМНЕ велат СДСМ се плаши бидејќи лаже за мигрантите
-

Ахмети ќе разреши над 70% од актуелното раководство на ДУИ на утрешниот конгрес?
-

Смарт МК 2030 – амбициозна Стратегија за ИКТ развој на државата
-

Предлози и критики за Стратегијата за образование и наука 2026-2032 ќе може да се испраќаат до крајот на годината
-

Рамстор додели МG автомобил на наградна игра „20 години Рамстор Мол“
-

„Алкалоид“ АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
