САД ги повика Ирак и Курдите да не дозволат ескалација на тензиите во Киркук
Пентагон ги повика Ирак и ирачките Курди „да избегнуваат ескалирачки активности“ и да започнат дијалог за решавање на нивните несогласувања.
- Ние се спротивставуваме на насилството на секоја од земјите и ги повикуваме да не прибегнуваат кон дестабилизирачки активности кои ќе ги одвратат од акциите против Исламската држава и уште повеќе ќе ја поткопаат стабилноста во Ирак, изјави портпаролката на Пентагон Лора Сил.
Нејзината изјава е одговор на информациите на ирачката државна телевизија дека армијата на Ирак воспоставила контрола над делови на Киркук, без отпор на страна на курдските сили „пешмерга“.
- Ние продолжуваме да го поддржуваме единствен Ирак. Дијалогот останува најдобрата опција за сузбивање на тензиите и за решавање на несогласувањата согласно ирачкиот Устав, рече Сил.
Портпаролката на Пентагон ги повика сите играчи во регионот да се фокусираат на заедничката закана - Исламската држава.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар