САД: Економски крах на Грција ќе претставува геополитичка грешка
Економски крах на Грција ќе претставува геополитичка грешка, изјави американскиот министер за финансии Џек Лу, пренесува грчкиот портал „њуз.ин“.
- Има многу непознати последици, ако ситуацијата во Грција стигне до целосен крах, изјави Џек Лу, предупредувајќи дека ако Европа дозволи економски банкрот на Грција тоа ќе претставува геополитичка грешка.
Во однос на повикот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за преструктурирање на грчкиот долг, Џек Лу предупреди дека долгот на Грција не е одржлив, истовремено истакнувајќи ја големата неподготвеност на некои европски држави да го решат овој проблем.
Американскиот министер за финансии изјави дека е во постојан контакт со високите европски претставници во врска со грчката должничка криза, истовремено повикувајќи за постигнување на договор за должничкиот проблем на Грција.
Ново на Сител
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници
-
Хоспитализирани четири деца со голема кашлица - на „Школка“ одбележана европска недела на имунизација