САД: Да не се брза со етикетирање на Кина како валутен манипулатор

Американскиот министер за финансии Стивен Менучин укажа дека нема потреба да се брза Кина да се етикетира како валутен манипулатор. Тој додаде дека сака да ги користи редовните извештаи од девизните пазари за да се утврди дали најголемиот трговски партнер на САД прави измами.
– Ниту едно соопштение за валутни манипулации нема да излезе пред априлскиот извештај на Министерството за финансии, изјави Менучин во интервју за американски медиуми.
Таквата негова изјава е во спротивност со октомвриското ветување на Трамп кој рече дека Кина треба да биде именувана како манипулатор. Американската администрација според оценки на западни медиуми, е фокусирана на Кина која ја обвинуваат дека вештачки го држи курсот на јуанот на ниско ниво. Пекинг настојува да го запре наглото ослабување на домашната валута.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски очекува стапката на раст на цените да остане помеѓу најниските во регионот
-

По 11 години Охрид ќе добие затворен базен
-

Преглед на вестите од светот
-

„Подготовка за поширока ЕУ“ – Кос ги претстави петте измени во начинот на одлучување
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

Во Македонија меѓу себе се бараат околу 90 илјади лица
-

Привремено одложена имунизацијата со БСЖ вакцината против туберкулоза поради несакани реакции во Хрватска
-

Остри реакции по најавата на Комората за кратење на празниците - против и МПЦ-ОА
