САД бараат одлагање на вонредните избори во северно Косово
Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, смета дека во моментов не се создадени потребните услови за одржување на вонредните избори во четири општини во северно Косово, планирани за 18 декември, јави дописникот на МИА од Приштина.
Ховениер преку неговиот Твитер денеска порача дека безбедноста на граѓаните на Косово треба да биде највисок приоритет.
„САД се загрижени дека не се созддени услови во моментов за одржување избори подоцна месецов во северно Косово. Безбедноста на сите граѓани на Косово треба да биде највисок приоритет. Ние бараме од сите инволвирани да иизразат воздржаност“, напиша Ховениер.
Американскиот дипломат ги осуди вчерашните инциденти, порачувајќи дека употребата на насилство и заплашување не е соодветен метод на протест.
– САД ги осудуваат оние кои употребија насилство за време на вчерашните инциденти во северно Косово. Прибегнувањето кон насилство и заплашување, вклучително и употреба на експлозивна направа и загрозување животи никогаш не е соодветен метод на протест, под никакви околности, порача Ховениер.
Вчера во северно Косово имаше неколку екпслозии од рачни гранати и шок-бомби. Нападите се случија по пристигнувањето на надлежните службеници во општинските изборни комисии во општините во тој дела на земјата, населен со мнозинско српско население, со цел да ги подготват вонредните избори, по оставките на Србите од косовските институции на почетокот на минатиот месец.
Ново на Сител
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија