САД бараат Иран да ја напушти Сирија, Техеран го бара истото од Вашингтон
Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон го повика денеска Иран да ги повлече своите сили и милиции од Сирија.
- САД се многу вознемирени од неодамнешната конфронтација во Сирија помеѓу Иран и Израел, изјави Тилерсон за време на посетата на Јордан.
Тој оцени дека САД имаат „далекусежен мировен план за Блискиот Исток“, кој е разработуван со месеци.
- Претседателот Доналд Трамп останува посветен на мировниот процес, истакна Тилерсон по средбата со министерот за надворешни работи на Јордан, Ајман Сафади.
На барањето на Тилерсон, веднаш реагираше Али Акбар Велајати, советник на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеј. Велајати потенцираше дека иранското воено присуство во Сирија е легитимно и е по барање на Дамаск, а дека американските сили се тие кои треба да ја напуштат земјата.
- Сирија треба да ја напуштат оние кои се таму без дозвола на законски избраната сириски Влада, истакна Велајати.
Ново на Сител
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова: Илинден е сржта на македонската историја, срцето на македонската република
-
Новата сезона во Првата фудбалска лига стартува во петок со два натпревара
-
Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје
-
Претпладне сончево, попладне нестабилно со краткотраен пороен дожд
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје по повод Илинден
-
Собраниски делегации на Илинден во Пелинце, Скопје и Крушево
-
Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати
-
Италија ќе започне со воздушна испорака на помош за Газа од 9 август