Сабаленка: Многу ми значи признанието „Лауреус“

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка коментираше за добивањето на наградата „Лауреус спортистка на годината“.
Церемонијата на доделување награди се одржа вчеравечер во Мадрид, Шпанија.
– Воау, спортистка на годината! Има толку многу неверојатни жени во спортот во моментов. Ова признание ми значи многу. Искрено, неверојатно е да го видам моето име покрај спортистките на кои се восхитував толку долго. Благодарам на „Лауреус“ за вашата поддршка, и на мојот тим и мојот партнер што секогаш беа тука. Не можев да го направам ова без вас – напиша Сабаленка на социјалните мрежи.
Првиот светски рекет ги победи фудбалерката Аитана Бонмати, атлетичарките Мелиса Џеферсон-Вуден, Фејт Кипиегон и Сидни Меклафлин-Леврон, како и пливачката Кејти Ледеки.
Во сезоната 2025, Сабаленка стана шампионка на Отвореното првенство на САД и освои турнири во Бризбејн, Мајами и Мадрид.
МИА
Ново на Сител
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
-

Реконструирано одделението за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
-

Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
