-->
-->
Сабаленка го освои турнирот во Мадрид
-->
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка стана шампионка на турнирот во Мадрид.
Во финалето на Мастерсот 1000, тенисерката број еден во светот вечерва ја победи Американката Коко Гоф, која е рангирана на 4. Место, со 6:3 и 7:6 (7:3). Мечот траеше 1 час и 41 минута.
Сабаленка сервираше два аса, направи две двојни грешки и реализираше четири брејк топки од 13.
Гауф имаше два аса, седум двојни грешки и реализираше две брејк топки од три шанси.
Дваесет и шестгодишната Сабаленка ја освои својата 20. ВТА титула во поединечна конкуренција и трета оваа сезона. Годинава таа победи и на турнирите во Бризбејн и Мајами.
Наградниот фонд на турнирот во шпанската престолнина изнесуваше 8, 9 милиони долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба