Саат маало со иницијатива за поубаво Тетово

Тетовци кои живеат во Саат маало вчера одржаа заедничка еколошка акција за расчистување на нивниот парк и покренаа иницијатива „Пубоо“ (Поубаво) на социјалната мрежа Фејсбук, со идеја нивниот пример да го продолжат и другите сограѓани низ Тетово.
– Се собравме 20-тина маалци и го исчистивме паркот. Идејата е заедно да придонесеме за поубаво наше маало. Чистата животна средина зависи од сите нас. Ние се собравме и ги собравме отпадоците и го исчистивме зеленилото околу паркот, како и тротоарите и улиците. Побаравме од комуналното претпријатие на крај да дојдат и да го измијат местото со вода, што беше направено од нивните страна, вели Драган Гавровски, еден од иницијаторите.

Иницијативата е со цел да се зголеми свеста и совесноста кај луѓето, па и други тетовци да се приклучат во наредните акции на жителите на Саат маало. Исто така, целта е да се поттикнат и другите граѓаните на Тетово да почнат со расчистување на сметот расфрлан низ нивните населби.
– Мора да се одржува и понатаму таа чиста средина како што секој од нас по дома редовно се грижи за чистотата и хигиената. Се надевам дека иницијативата ќе биде прифатена и од други маала и места низ градот, затоа што знаеме со колку многу расфрлан смет се соочува цело Тетово, рече Гавровски.
Саат маало е познато во Тетово и по својата мултикултурна слика. Тука свои домови имаат семејства од сите етнички заедници, а карактеристика е нивното заедништво и соживот.
Ново на Сител
-

Сушата ги зголеми трошоците на земјоделците во Струмичко
-

Мечки ги пустошат пчеларниците
-

Скулптурите од колонијата „Марко Цепенков - Дрен 2026″ ќе бидат поставени низ парковите во Прилеп
-

Русија го нападна родното место на Зеленски – Убиени најмалку 16 луѓе
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
