-->
-->
Рутгерус Јоханес Мартинус си оди од репрезентацијата
-->
Помошникот на холандскиот селектор, Рутгерус Јоханес Мартинус или попознат во јавноста како Руд ван Нистелрој, во јуни ќе ја напушти функцијата, соопшти Фудбалскиот сојуз на оваа земја, без да соопшти кој ќе биде негов наследник.
Ван Нистелрој има договор со Фудбалскиот сојуз на Холандија, кој истекува во јуни оваа година, а според информациите тој решил да не го продолжил. Поранешниот холандски репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во својот поранешен клуб ПСВ Ајндховен, каде ќе ги тренира младите напаѓачи.
Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, за помошник на селекторот беше именуван во август 2014 година, кога Фудбалскиот сојуз на Холандија, како наследник на Луј ван Гал го постави Гус Хидинк.
Ван Нистелрој остана на таа позиција и кога Хидинк поради лошите резултати во квалификациите доби отказ, а селектор стана Дени Блинд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Полицијата викендов во контроли на угостителски објекти во Куманово, констатирани прекршоци
-
Енормно зголемена потрошувачката на вода во Скопје, можни се рестрикции и намален притисок
-
Струшките плажи и годинава без спасители на вода
-
За шест часа казнети 600 возачи
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Николоски: Започна да се користи новиот автопат од Врбјани до Ботун, следуваат нови прокети
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Двајца мртви и повеќе повредени во пукотници во Кентаки