Руте: Нуклеарните вежби покажаа дека НАТО има силни сили за одвраќање

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека успехот на годишните нуклеарни вежби на Алијансата, одржани на почетокот на овој месец, влеал апсолутна доверба во кредибилитетот на нуклеарното одвраќање на овој воен сојуз, и покрај руските закани.
– Кога Русија користи опасна и непромислена нуклеарна реторика, нашето население мора да знае дека нема потреба од паника, бидејќи НАТО располага со силно нуклеарно одвраќање, изјави Руте, пренесува германскиот неделник „Велт ам зонтаг“.
Руте нагласи дека и рускиот претседател Владимир Путин мора да знае дека нуклеарна војна никогаш не може да се добие и никогаш не смее да се води.
Путин минатиот месец изјави дека Русија би можела да употреби нуклеарно оружје доколку биде погодена со конвенционални ракети.
МИА
Ново на Сител
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

„Безбеден град“ дава резултат
-

Премиерот најави ново линеарно зголемување на пензиите
-

Сиљановска-Давкова очекува државата да направи исчекор кон природната дестинација, ЕУ
