Руте: Мора да ги зголемиме одбранбените трошоци за да можеме да се браниме
Денешниот ден е клучен бидејќи ќе решаваме за целите за зајакнување на капацитетите и за тоа како ќе се трошат парите за потребите на одбраната, изјави денеска во Брисел генералниот секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата.
- Моите предвидувања се дека ќе се договориме за целите за капацитетите. Секако ќе разговараме и за многу други прашања, но ова е клучно во пресрет на Самитот во Хаг, за да бидеме сигурни дека во Хаг ќе се договориме за поголеми трошоци, за поголемо производство и секако за нашата поддршка за Украина, рече Руте.
Според него, како што јави дописникот на МИА од Брисел, договорените цели ќе треба да му овозможат на НАТО да биде способен да може да се одбрани во случај да биде нападнат, а за што е потребно да се зголемат трошоците за одбраната,
- Ако сте подготвени за војна, тогаш нема да бидете нападнати, нагласи Руте.
Тој потенцира дека за да се постигне тоа потребно е значително зголемување на трошоците од страна сите земји членки на НАТО, затоа што мора да се инвестира во противвоздушната одбрана, во ракети со голем дострел, во маневарските способности на копнените сили и во командните системи, за што се потребни огромни инвестиции на целата територија на Алијансата.
Руте додаде дека притоа исто така е важно да се изедначат трошоците на европските членки на НАТО и Канада со одбранбените издвојување на САД, бидејќи, како што рече, ако сакаме фер Алијанса сите сојузници мора да трошат подеднакво.
Во врска со неговата идеја за постепено зголемување на трошоците за одбраната до ниво од пет отсто од БДП до 2032 година, Руте рече дека тоа е само предлог за кој ќе се дебатира во следните недели.
- Тоа е добро, затоа што во крајна линија ова е демократска Алијанса и мора да донесеме одлука со консензус. Ќе ги изнесам моите предлози за одбранбените трошоци и за новиот план и попладнево ќе ве информирам што ќе се договориме, рече Руте, додавајќи дека затоа денешниот министерски состанок е многу важен.
Според него, целта на сите овие планови и инвестиции не се само да се троши повеќе, туку да се зајакне Алијансата за да биде способна да се брани не само сега, туку и во наредните години.
Тој потсети дека во рамки на денешниот состанок во форма на работен ручек ќе се одржи и неформално заседание на Советот НАТО-Украина, на кое ќе учествуваат и украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.
Ново на Сител
-
Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис
-
Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена