Рута на солидарноста во Скопје

Со „Рута на солидарноста“ денеска во Скопје продолжува одбележувањето на 55 години од катастрофалниот скопски земјотрес, во рамки на манифестацијата „Зборува Скопје“.
Панорамско разгледување на Скопје почнува од паркот Мајка Тереза, платото пред зградата на ЕВН, каде граѓаните ќе имаат можност со автобуси панорамски да го разгледаат Скопје со фокус на случувањата поврзани со катастрофалниот земјотрес во 1963 година.
Организатори се Град Скопје, Јавно сообраќајно претпријатие-Скопје и ЈСП Турс.
На рутата, како што информираат од Град Скопје, се Старата железничка станица, населбите Тафталиџе 1 и 2 изградени со помош на светската солидарност, поликлиника Букурешт која е подарок од Романија, Универзална сала што е подарок од Бугарија, како и блоковите од Градски ѕид кои се дел од проект на архитектот Кензо Танге.
Турите ќе се изведат со професионален туристички водич, а ќе се реализираат денеска, утре и задутре, со две поаѓања, во 11 и 17 часот. Двете тури денеска се бесплатни, а за преостанатите цената на билетот ќе изнесува 150 денари.
Манифестацијата „Зборува Скопје“ почна вчера во Музејот на град Скопје со враќањето на буквите од пораката на солидарноста на источната страна од музејот.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
