Руското МО соопшти дека пропаднала украинската офанзива во Доњецк
Руските вооружени сили ја одбија украинската офанзива во правец на јужен Доњецк, соопшти утринава руското Министерство за одбрана.
Украина офанзивата ја почнала со шест механизирани и два тенковски баталјони, објави руското министерство на Телеграм.
„Утрината на 4 јуни, непријателот почна голема офанзива во пет сектори на фронтот во правец на јужен Доњецк“, се наведува во соопштението.
„Целта на непријателот беше да ги пробие нашите одбранбени линии на, според него, најранливиот дел од линијата на фронтот“, се додава во соопштението.
„Непријателот не ги постигна своите цели, не успеа“.
Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди руските наводи, а Украина веднаш не ги коментираше.
Руското министерство објави и видео на кое вели дека се гледаат неколку украински оклопни возила запалени по судирот.
Руските сили убиле 250 украински војници и уништиле 16 тенкови, борбени возила и 21 оклопен транспортер, наведе руското Министерство за одбрана во соопштението.
Началникот на рускиот воен штаб, Валериј Герасимов, командант на руската воена операција во Украина, на Телеграм наведе дека се наоѓа во областа нападната од украинските сили.
Во моментов се уште е нејасно дали наводниот напад го претставува почетокот на долгоочекуваната офанзива со која Украина сака да ја врати територијата под руска контрола. Официјален Киев во неделата повика на „молк“ пред офанзивата, потсетуваат британските медиуми.
Украина во последните недели се обиде да ги ослабне руските позиции, а на крајот на мај висок функционер изјави дека веќе се започнати прелиминарни операции, како што се уништување на синџирите за снабдување и уништување на магацини.
Ново на Сител
-
Даниловски: Мајмунските сипаници не се пренесуваат лесно и мал е ризикот за епидемија
-
Британска амбасада: Со потпишувањето на новото партнерство почнува нова ера во односите меѓу двете земји
-
Му кажала дека мајка ѝ ѝ забранила да се гледа со него па објавил нејзини експлицитни фотографии
-
Општина Карпош: Диво изграден ноќен најавува настапи на Беквалац, Розга и Георгиев
-
Европол разби голема хакерска мрежа
-
Приведен штипјанец кој возел со 1,81 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова во посета на Италија и на Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“
-
Два случаи на мајмунски сипаници потврдени во Македонија