Рускоска: Нема да ја доживеам судбината на Катица Јанева
Суспендиранаата обвинителката Вилма Рускоска денеска ја поднесе жалбата за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Таа не сакаше да открие детали од истата, бидејќи, како што рече, со жалбата прво треба да се запознаат членовите на Советот.
-Со жалбата ги побивам наводите во решението. Не сум прашала за која кривична пријава се однесува суспензијата, но сметам дека се однесува на пријавата која Муареми ја поднесе против мене. Господинот Муареми направи парада нему му истече мандатот па поднесе оставка. Нема да ја доживеам судбината на Катица Јанева, сепак таму се докажа дека нештатат се правеле за пари.
Ова не го сметам за суспензија на Рускоска, туку за суспензија на правото и правдата. Без разлика што имаше соппштение дека предметите кои ги водев јас ќе продложат со ист интензитет, после ова мене што ми се случи не верувам дека било кој колега сериозно ќе продолжува да постапува по истите.
Во решението стои дека треба да ги предадам предметите на мојата замена, која е на одмор. Така да предметите не можев да ги распределам. А и таа не може да ги работи, зашто и против неа е поведена дисциплинска постапка. Станува збор за два предмети, рече Рускоска.
Ново на Сител
-
Тошковски изрази сомнеж дека инцидентот со Арсовска е добро смислено сценарио
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Со тупаници нападната скопската градоначалничка Данела Арсовска при увид на дивоградба во Чаир
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Интензивно се работи на автопатот Прилеп - Битола, Бехтел и Енка бараат уште околу 400 работници
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир
-
Убиениот кај Батинци е припадник на АРМ - имал прострелни рани во градниот кош