-->
-->
Руско МО: Два брода на руската Црноморска флота одбија напад на украински дронови во областа Севастопол
-->
Руското Министерство за одбрана соопшти дека два патролни брода на Црноморската флота одбиле напад на три украински беспилотни чамци во близина на Севастопол.
„Вооружените сили на Украина вечерва извршија неуспешен обид за напад со три морски чамци без екипаж врз патролните бродови на Црноморската флота ‘Сергеј Котов’ и ‘Василиј Биков’ кои извршуваа задачи за контрола на пловидбата во југозападниот дел на Црното Море, на 340 километри југозападно од Севастопол“, соопшти синоќа Министерството.
Во соопштението се додава дека тие биле уништени со гранатирање од руските бродови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
-

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година
-

Маглата го отежнува сообраќајот
-

ЈО: Обвинение за сообраќајка со смртни последици во Марино
-

Синдикалната минимална кошница во декември 65 492 денари
