-->
-->
Руско МНР: Ќе мора да преземеме „воено-технички чекори“ поради одлуката на Финска за влез во НАТО
-->
Русија денеска предупреди дека ќе мора да преземе „воено-технички чекори“ поради одлуката на Финска да стане членка на НАТО. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека пристапувањето на Финска во НАТО „ќе предизвика сериозна штета на руско-финските односи, како и на стабилноста и безбедноста во северна Европа“.
– Русија ќе биде принудена да преземе одмазднички чекори од воено-техничка и од друга природа, со цел да ги запре заканите за нејзината национална безбедност што се појавуваат во овој поглед – се вели во соопштението.
Финска, иако има право да одлучува за начините за обезбедување на сопствената безбедност, „мора да биде свесна за својата одговорност и за последиците од таквиот потег“, додаваат од МНР на Русија.
Министерството ја обвини Финска дека ги прекршила претходните договори со Русија, со која дели копнена граница долга 1.340 километри, со намера да се приклучи на НАТО.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Спасовски: Инцидентот во Охрид е дел од хибридна војна против Македонија
-
Бугарското МНР преку нота ќе бара да им се дозволи влез на Бугарите во земјава на 4 февруари
-
Пендаровски очекува до крајот на годината да се промени Уставот
-
Вработените во МКЦ ги негираат обвинувањата на Арсовска
-
Јавните претпријатија со преполовени сметки за струја
-
Грипот зема замав во Охрид
-
Откако обезбеди тенкови, не се исклучува можноста Украина да се вооружа и со борбени авиони
-
Умерени бугарски политичари - Бугарија повторно греши кон Македонија