Руско-американскиот вселенски екипаж се врати на Земјата по повеќе од седум месеци во вселената
Руско-американски вселенски екипаж се врати на Земјата денеска со вселенскиот брод „Сојуз МС-26“, објави руската вселенска агенција Роскосмос.
По повеќе од друм месеци поминати на Меѓународната вселенска станица, астронаутите на Роскосмос Алексеј Овчинин и Иван Вагнер и астронаутот на НАСА, Доналд Петит се вратија.
Тројцата работеле во вселената од 11 септември минатата година, пренесуваат агенциите.
„Излезот од орбитата и спуштањето кон Земјата се одвиваше нормално“, соопшти Роскосмос, додавајќи дека слетувањето се случило во Казахстан, во близина на градот Жезказган.
На 8 април вселенскиот брод „Сојуз МС-27“ беше лансиран во орбитата со Американецот Џони Ким и Русите Сергеј Рижиков и Алексеј Зубрицки.
На екипажот на Меѓународната вселенска станица, тие им се придружија на Американците Петит, Ен Меклејн и Никол Ајерс, Русите Овчинин, Вагнер и Кирил Песков и Јапонецот Такуја Ониши.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР