-->
-->
Руските ВМС уништиле цели на ИД во близина на Палмира во Сирија
-->
Руските ВМС уништиле цели на ИД во близина на Палмира во Сирија со крстосувачки проектили испукани од источниот дел на Средоземното Море, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Во нападот се таргетирани скривалишта на милитантите од ИД источно од Палмира каде се чувало и оружје од Рака, упориште на ИД во северна Сирија.
– Руските ВМС испукаа четири крстосувачки проектили од источниот дел на Медитеранот врз цели на ИД во близина на Палмира. Сите цели се погодени и уништени, наведува МО во соопштение.
За нападот претходно биле информирани американските и турските сили. – Американските и турски како и израелски команди беа информирани благовремено за нападот со крстосувачки ракети, додава Министерството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта