Руските тајни служби спречиле незаконски испораки на оружје од ЕК и Украина во земјата

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) разби организирана криминална група која била инволвирана во организирање канали за испорака на оружје од држави членки на ЕУ и од Украина на руска територија, информира прес центарот на институцијата, цитиран од ТАСС.
„При продажбата на последната пратка оружје во јули во Смоленск на лице место се фатени повеќе организатори на криминалниот бизнис, вклучувајќи и осуден државјанин на Азербејџан“.
Во 12 региони на Федерацијата во меѓувреме се приведени „14 активни членови на криминалната група, од кои тројца се активни припадници на полицијата“.
Членовите на групата употребувале фалсификувани документи и броеви на автомобили.
Силите за безбедниост за време на операцијата конфискувале над 150 парчиња огнено оружје - митралези и автомати „Калашњиков“, автоматски пиштоли, карабини, напаѓачки пушки, пиштоли и револвери, фрлач на гранати, резервни делови за оружје, муниции, експлозиви и детонатори, информира ФСС.
Ново на Сител
-

Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
-

Кога ќе се научат фирмите дека се продаваат поскапи производи, тешко се враќаат назад, вели Димитриеска Кочоска
-

Преглед на вестите од светот
-

Кочоска: Формализирање на неформалната економија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Го заштитивме растот на платите
-

Вечерва во Струмица започнуваат карневалските свечености
-

Изјава за медиумите на премиерот Мицкоски
-

Преглед на вестите од светот
