Фудбал
30. October 2015 - 14:21

Руските клубови во иднина ќе ги тренираат само Руси

Руското министерство за спорт донесе закон според кој руските клубови не смеет да ангажираат странски тренери, објави Eurosport. Одлуката била донесена кон крајот на септември, а на јавноста ѝ била презентирана на 28. октомври.
 
Од 16 екипи, колку што се натпреваруваат во руската Премиерлига, шест се предводени од странски стручњаци и сé уште не е познато каква ќе биде нивната судбина. Меѓу тренерите странци најпознат е Андре Вилас-Боаш, кој наводно веќе одлучил по завршувањето на сезоната да ја напушти Русија.
 
Интересно, оваа одлука не се однесува на руската репрезентација, туку исклучително на клупските тренери. Најголемиот парадокс е во тоа што руските екипи и натаму ќе можат да ангажираат стручњаци од странство, но тие не смеат да бидат главни тренери.