Рускиот регулатор ги казни ТикТок, Телеграм, Зум, Дискорд и Пинтерест
Руската агенција за регулирање на медиумите Роскомнадзор денеска соопшти дека ќе казни неколку ИТ компании, вклучувајќи ги ТикТок, Телеграм, Зум, Дискорд и Пинтерест.
Во соопштението на Роскомнадзор се наведува дека мерките се преземени откако овие компании не ја отстраниле содржината што била означена како нелегална и дека казните ќе останат во сила сè додека не се отстрани спорната содржина.
Не е прецизирано за кои мерки станува збор.
Русија постојано се закануваше дека ќе ги казни социјалните мрежи и пребарувачите како Гугл за кршење на строгите закони кои го криминализираат ширењето на „лажни вести“ за руската војска.
Руските судови на 16 август го казнија американскиот сервис за стриминг Твич со два милиона рубљи (околу 33.859 евра) и апликацијата за пораки Телеграм со 11 милиони рубљи (186.226 евра) поради кршење на законот за воена цензура.
Ново на Сител
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи