Руски блогер осуден на 8,5 години затвор поради критики на инвазијата врз Украина

Рускиот суд денеска го осуди блогер Александар Ноздринов на 8.5 години затвор поради објава во која го критикиува нападит врз Украина.
Ноздронов е прогласен за виновен за „ширење на лажни информации“ за руската армија, според член од кривичниот закон воведен на почетокот на руската инвазија врз Украина.
Според невладината организација „Меморијал“ блогерот од регионот Кубан, јужна Русија, во март 2022 година на Телеграм објави фотографија од оштетена зграда ви Киев со иронична порака: „Украинските градови по доаѓањето на ослободителите“.
Ноздринов, кој набрзо беше уапсен и оттогаш е во истражен затвор, негира дека е автор на пораката. Тој има и канал на Јутјуб, каде често ги критикува екцесите и прекршувањата на сообраќајната полиција.
Според „Меморијал“, Ноздринов е „политички затвореник“.
Според невладината ОВД-Инфо, од почетокот на офанзивата во Украина, во Русија се уапсени околу 20.000 луѓе поради противење на војната, а некои се осудени на тешки казни.
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
