Руската служба за безбедност на Крим фатила Украинци кои подготвувале диверзии

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) вчера во кримскиот град Севастопољ фатила украински борци, кои подготвувале диверзии во воени објекти на Полуостровот, информира службата, цитирана од ТАСС.
Според ФСБ, уапсени се припадници на „диверзантско-терористичка група на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, која планирала диверзантски акции во објекти од воената и цивилната инфраструктура на Крим“.
Кај уапсените биле пронајдени „моќни експлозивни направи, оружје и муниција, специјални средства за врска и други материјални докази за нивната криминална дејност, вклучувајќи карти и шеми на објектите, каде ги планирале диверзиите“.
Истрагата се уште работи на утврдувањето на фактите за случајот.
На 10 август ФСБ, исто така, соопшти дека во Крим уапсила група диверзанти и спречила терористички атентати, подготвани од украинското разузнавање.
Киев, тогаш, ги отфрли обвинувањата за тероризам.
Ново на Сител
-

Последни подготовки за Вевчански карневал
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
