Свет
7. November 2016 - 15:41

Руската армија засега нема да ги обнови воздушните напади врз Алепо

Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков денеска изјави дека Владимир Путин одлучи да ја продолжи суспензијата на воздушните напади врз сирискиот град Алепо.

- Путин оценува дека е можно да се продолжи хуманитарната пауза во Алепо, посочи Песков.

Тој додаде дека доколку бунтовниците во Алепо не покренат некој голема офанзивна акција, тогаш ќе биде продолжено примирјето.

Русија нема преземно воздушни напади во Алепо од 18 октомври.