Руска евтина продавница во Германија затворена по пет дена, сѐ било распродадено

Торгсервис, првиот руски синџир продавници на западноевропскиот пазар, ја затворил својата продавница во Лајпциг после само пет дена и тоа затоа што се било распродадено.
Торгсервис минатата среда ја отвори својата прва продавница во источниот дел на Германија.
Нивниот главен адут се ниските цени – пониски и од оние во најголемите германски дисконти.
– Почитувани купувачи, поради многу голема побарувачка, нашата продавница е затворена на 4 и 5 фефруари. Реагиравме многу брзо, но моравме да заклучиме дека и на нашите добавувачи им треба време да ги наполнат рафтовите. Со најниски цени за вас повторно ќе отвориме на 6 февруари од 9 часот, стои во пораката која ги дочеката купувачите на влезната врата на продавницата во Лајпциг.
Некои германски медиуми се сомневаат дека продавницата била затворена поради некои производи кои можеби не ги задоволуваат стандардите за квалитет на храната согласно строгите европски закони.
Од Торгсервис соопштија дека сите нивни производи ги задоволуваат стандардите на ЕУ и оти повеќето, освен од Германија, доаѓаат од Полска и Чешка.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
