Русија распореди одбранбен ракетен систем на Курилски Острови во близина на Јапонија
Руското Министерство за одбрана соопшти дека распореди мобилни одбранбени ракетни системи во северниот дел на Курилски Острови, лоцирани помеѓу Јапонија и рускиот полуостров Камчатка.
Јапонија полага право на јужните Курилски Острови, кои се под контрола на Русија, кои Токио ги нарекува Северни територии. Москва и Токио спорат за Курилски Острови уште од крајот на Втора светка војна, кога советските трупи ги окупираа и ја истиснаа Јапонија.
Рускиот ракетен систем Бастион, со дострел до 500 километри, е распореден на островот Парамушир во северниот дел на Курилски Острови.
Руското Министерство за одбрана наведе дека распоредувањето на ракетен систем на островот Парамушир уследи една година по распоредувањето на системите Бастион на островот Матуа, во централниот дел на Курилски Гребен.
Центарот за стратешки и меѓународни студии со седиште во Вашингтон во извештајот од септември наведе руската милитаризација на Курилски Острови падна во сенката на инвазија врз Украина.
Русија се повлече од мировните преговори со Јапонија и ги замрзна заедничките економски проекти поврзани со спорните Курилски Острови откако Токио воведе санкции кон Москва поради инвазијата врз Украина.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест