Русија протера македонски дипломат
Русија прогласи еден вработен во Амбасадата на Македонија во Москва за персона нон грата како одговор за протерувањето на руски дипломат од земјава, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесува новинската агенција „Риа новости“.
- Вршителот на должност амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација, Чаушевска-Димовска, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што ѝ беше врачена нота со која вработен во Амбасадата на Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата, пишува во соопштението на руското МНР кое го пренесуваат руските медиуми.
Во соопштението се објаснува и дека ваквата мерка е одговор на немотивираната одлука на Македонија да прогласи руски дипломат за персона нон грата.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечна излезеност до 18:30 часот
-
Просечна излезeност до 15:00 часот
-
Просечна излезност до 13 часот
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот