Русија повеќе нема да учествува во Европскиот совет: Уживајте меѓусебно, но без нас

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија повеќе нема да учествува во работата на Советот на Европа, водечката организација за човекови права на континентот.
„Москва нема да учествува во претворањето на Советот на Европа во платформа за западниот нарцизам на НАТО и ЕУ. Уживајте меѓусебно, но без Русија. Русија нема да ги толерира субверзните дејствија на Западот“, се вели во соопштението на Министерството.
Образложувајќи ја одлуката Кремљ наведува дека држави-членки на НАТО го поткопуваат европското тело осмислено да ги поддржува човековите права, принципите на владеење на правото и на демократијата.
Историски гледано, конфронтираност честопати беше карактеристика на односите на Русија со Советот на Европа.
Русија се приклучи на Советот на Европа во 1996 година, на барање на тогашниот руски претседател Борис Елцин како дел од обидот за транзициски процеси во земјата. Правото на учество на Русија во телото беше суспендирано на 25 февруари – ден по инвазијата врз Украина. Претходно руското учество во Советот на Европа беше прекинато во 2001 година после втората чеченска војна, како и во 2014 година откако Москва го анектираше Крим.
Ново на Сител
-

Албанската мафија станува сè повлијателна во Белгија
-

Меси се појави на тренинг на Аргентина
-

УЈП ја почнува третата фаза од проектот е-фактура
-

Путин ќе одговара на прашања од „западни“ новинари во Санкт Петербург
-

Николоски: Градежништвото расте со 7,2 проценти, а градбата на патиштата и железницата со 20 проценти во првото тромесечје
-

Маврови Анови со најмногу дожд во изминатите 24 часа, денеска се очекува невреме низ земјава
-

Руската ПВО соборила 272 украински дрона, три жртви во украински напад врз Симферопол на Крим
-

Намален бројот на работници во индустријата
