Loading Video...
Свет
27. August 2022 - 16:42

Русија почнува со изградба на две нови нуклеарни реактора во Унгарија

Рускиот нуклеарен гигант Росатом ќе започне со изградба на два нови нуклеарни реактора во Унгарија во наредните недели, известуваат тамошнуите меидуми. Договорот постигнат меѓу Русија и Унгарија во 2014 година има за цел проширување на постојната нуклеарна централа Пакс, која произведува 40 отсто од електрична енергија во Унгарија.

Нуклеарната централа моментално се состои од четири реактори изградени во поранешниот Советски Сојуз.

Ова е голем чекор, важна пресвртница. На овој начин ќе ја обезбедиме енергетската безбедност на Унгарија на долг рок и ќе ги заштитиме Унгарците од дивите промени во цените на енергијата, соопшти министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Според него  нуклеарните реактори би можеле да бидат подготвени за работа до 2030 година.