Русија ноќеска лансирала 24 дрона, украинската ПВО соборила 11
Во текот на ноќта Русија изврши нов масовен напад со беспилотни летала врз јужните и централните региони на Украина.
Во нападот врз Криви Рог е оштетена трафостаница, поради што без струја се домаќинствата и индустриските потрошувачи во градот. Во моментов, наведува Униан, околу 40. 000 потрошувачи се без струја.
Украинските воздухопловни сили утринава соопштија дека руските сили ја нападнале Украина во текот на ноќта со 24 нападни дронови „Шахед-136/131“, а украинската ПВО уништила 11 летала.
Најмалку седум руски нападни дронови ги промашиле своите зададени цели, се додава во соопштението на украинските водухопловни сили, пренесе Укринформ.
Украинската армија додава дека на терен се уште се утврдуваат последиците од последниот ноќен руски напад со беспилотни летала.
Ново на Сител
-
Шукова: Старата чаршија ќе заживее
-
Загрижувачки тренд на пораст на бројот на пацинетки со карцином на дојка
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинг на коалицијата на СДСМ во Кавадарци
-
Митинг на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар
-
Активности на помалите партии и независински кандидати
-
Тема на денот со Златко Кузманов, д-р по безбедност и претседател на Центарот за Интегрирана безбедност
-
Пациентите со дијабетес бараат редовни офталмолошки скрининзи за ретинопатија за да спречат слепило