Русија не влегува во трка со вооружувањето со САД
Русија нема намера да влегува во трка со вооружување со САД, но какви било непријателски чекори ќе наидат на адекватен одговор, соопшти денеска портпаролката на руското Министерство за одбрана Марија Захарова.
Таа додаде дека Русија веќе ги коментирала плановите на Пентагон за зголемување на воениот буџет за 2017 година за четири пати.
– Никој нема да се впушта во нова трка за вооружување. Никој нема да се обиде да стигне или престигне други. Секако, ги потсетуваме нашите колетги во Вашингтон и Брисел дека секој непријателски чекор и обид за притисок врз Русија ќе наиде на адекватен одговор – во политичка и дипломатска како и во сферата на одбраната, изјави Захарова.
Таа потенцира дека никој не треба да се сомнева дека Русија ќе направи се што е неопходно за својата безбедност иако е определена за мир.
Ново на Сител
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
Мицкоски: Инвестициите за разлика од претходно се без повластувања и барање мито
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза